Два нови инвестициски фонда на пазарот

Bez autora
Mar 10 2011

Комисијата за хартии од вредност на друштвото за управување со инвестициски фондови „КБ публикум инвест“ му даде дозвола да основа два нови отворени инвестициски фонда, „КБ публикум - паричен“ и „КБ публикум - обврзници“. Отворениот инвестициски фонд „КБ публикум - паричен“ ќе ги вложува прибраните пари во депозити на банки, инструменти на пазарот на пари и краткорочни должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи. Кај паричните фондови, приносот се очекува да биде поголем од каматата на штедење по видување, а клиентите најмногу ги користат ваквите фондови за краткорочен пласман на вишокот пари, односно за вложувања на период пократок од една година. Отворениот инвестициски фонд „КБ публикум - обврзници“ претставува обврзнички фонд.

Два нови инвестициски фонда на пазаротКомисијата за хартии од вредност на друштвото за управување со инвестициски фондови „КБ публикум инвест“ му даде дозвола да основа два нови отворени инвестициски фонда, „КБ публикум - паричен“ и „КБ публикум - обврзници“.

Отворениот инвестициски фонд „КБ публикум - паричен“ ќе ги вложува прибраните пари во депозити на банки, инструменти на пазарот на пари и краткорочни должнички хартии од вредност од најбонитетни издавачи. Кај паричните фондови, приносот се очекува да биде поголем од каматата на штедење по видување, а клиентите најмногу ги користат ваквите фондови за краткорочен пласман на вишокот пари, односно за вложувања на период пократок од една година. Отворениот инвестициски фонд „КБ публикум - обврзници“ претставува обврзнички фонд.

Основни инструменти во кои ќе се инвестираат средствата на фондот се банкарските депозити, инструменти на пазарот на пари, краткорочни должнички хартии од вредност, државни и корпоративни обврзници. Приносот кај овие фондови по правило би бил поголем од каматата на орочените депозити. Инвестициската стратегија на фондот сугерира вложување на среден рок со однапред дефиниран период на инвестирање, односно „КБ публикум - обврзници“ е наменет за инвеститори кои сакаат да ги вложат своите средства на период од над една година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik